Во Барселона конечно најдоа причина за радост во новата сезона откако го совладаа Јувентус во Торино во натпревар од Лигата на шампионите, па си земаа за право да го испровоцираат калчолигашот .

Барселона на официјалниот Твитер профил напиша: Драго ни е што можевте да го видите најдобриот „ГОАТ“ на вашиот терен.

На ова следуваше одговор од Јувентус: Најверојатно гледате во погрешен речник. Ќе ви го донесеме вистинскиот најдобар на Камп Ноу.

За реваншот во Шпанија, од „Старата Дама“ се надеваат дека ќе го имаат на располагање Кристијано Роналдо кој го пропушти вчерашниот меч во Торино поради Ковид-19.