Тренерите на Реал Мадрид и на Барселона, Зинедин Зидан и Роналд Куман, ги објавија списокот на фудбалери за утрешното „Ел Класико“.

Зидан нема да може да смета на услугите на Еден Азар, Дани Карвахал, Мартин Одегард, Алваро Одриосола и Маријано Дијаз, кои се повредени, но добрата  вест за „кралевите“ е враќањето во тимот на капитенот Серхио Рамос, кој го пропушти мечот против Шахтјор во Лигата на шампиони поради повреда

Куман, за разлика од Зидан, нема главоболки со повреди на клучните играчи.