Централниот дефанзивец на Бока Јуниорс, Сантјаго Рамос, ќе ја продолжи кариерата во Барселона.

Младиот, 18-годишен Аргентинец, потпиша договор според шемата 3+2.

Рамос ќе игра во Барселона Б, а откупната клаузула ќе му биде 60 милиони евра, но во моментот кога тој ќе прејде во првиот тим, сумата ќе се искачи на 100 милиони.