Новинарот на La Gazzetta dello Sport и експерт на Transfermarkt, Николо Скира, пишува дека Барселона работи врз новиот договор со Лионел Меси.

Наводно ќе му понуди договор до 2023 година, со годишна плата од неверојатни 50 милиони евра.

Меси потекнува од академијата на Барселона и во структурата на Барселона се наоѓа од 2001 година. Неговиот актуелен договор важи до 2021 година.

Оваа сезона Меси одигра 31 натпревар во сите натпреварувања и постигна 24 гола, а запиша и 16 асистенции.