Велшкиот репрезентативец Герет Бејл повторно е во центарот на шпанската јавност. Тој на крајот на сезоната си заминува од Реал Мадрид, тврди мадридски АС. Најскапиот играч во историјата на мадридскиот клуб сака да си замине следното лето поради потценувачкиот однос од тренерот Зинедин Зидан и навивачите.

Последниот проблем меѓу Бејл и Зидан настана во пресрет на мечот од Лигата на шампионите против Бриж на кој „кралевите одиграа само 2:2. Имено,  Бејл не се најде во составот без образложение од Зидан, а потоа доби порака од клубот дека мора да дојде и да го гледа натпреварот.

„Бејл е лут, нервозен и збунет. Тој уште не знае зошто е исфрлен од тимот за натпреварот во Лигата на шампионите“, пишува АС.

 

Бејл сезонава одигра седум натпревари на кои одигра коректно, а зад неговото име постигна два гола и имаше две асистенции.