Досегашниот шеф на стручниот штаб на Белација, Ване Милков и следната сезона ќе ја води екипата во ПМФЛ. Тој им се заблагодари на управата за укажаната доверба.

„Им благодарам на претседателот на клубот и управата за укажаната доверба и наредната сезона да останам на оваа позиција.Оваа прилика ќе ја искористам јавно да упатам честитки до сите мои фудбалери за влезот во Прва лига, и да им изразам голема благодарност затоа што неуморно, пожртвувано, посеветено и дисциплинирано, на секој тренинг и натпревар го даваа својот максимум“-изјави Милков.

За потсетување, Беласица заедно со Пелистер од следната сезона ќе бидат дел од Првата лига на Македонија и покрај тоа што првенството нема да се доигра.