Беласица е на дното во ПМФЛ, очајните резултати  го примораа тренерот Ване Милков да се повлече, клубот  го назначи Шефки Арифовски на негово место.

„Управата на ФК Беласица му ја довери функцијата шеф на стручен штаб на искусниот стратег. Арифовски, кој досега беше член на стручниот штаб, има богата фудбалска кариера како играч, но и како тренер, каде бил член на стручниот штаб во ФК Хоризонт Турново, ФК Слога Југомагнат, ФК Борча Белград, Селектор на младински селекции на Република Македонија, ФК Кожуф, ФК Академија Пандев и др. му посакуваме успех во работата“ – објави ФК Беласица.

Арифовски ке дебитира на клупата на Беласица викендов на средбата со Вардар во Скопје.

 

 

ОФИЦИЈАЛНО: ШЕФКИ АРИФОВСКИ НОВ ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБУправата на ФК Беласица му ја довери функцијата шеф на стручен…

Gepostet von FK Belasica am Freitag, 25. September 2020