Мешков Брест неочекувано го декласира Вардар со 31-22, за шампионот на Белорусија ова е голем успех, го победија шампионот на Европа.

Не само што запишаа триумф, го декласираа Вардар кој постигна само 9 голови во второто полувреме.

На твитер веднаш порака од Мешков Брест, ликуваат, го победивме Вардар, шампионот на Европа.