Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема е во завидна форма.

Французинот учествуваше во 15 гола на својот тим во првите шест натпревари, односно тој постигна 7погодоци и 8 пати асистираше за гол.

Ниту Кристијано Роналдо, ниту Лионел Меси не можат да се пофалат со тоа.

Последен во серијата жртви беше Мајорка, која Реал ја совлада со 6:1. Бензема постигна два и асистираше за уште два гола.

Неговата партија остана донекаде во сенка на „разбудениот“ Асенсио, кој стигна до хет-трик и му даде нови дилеми на Карло Анчелоти.

Бензема, исто така, стана 10 -ти играч со 200 гола во Ла Лига, но единствениот кој никогаш не беше најдобар стрелец.

Без Меси и Роналдо, патот до тоа признание оваа сезона ќе му биде полесен.