И покрај тоа што кон крајот на септември со отворено писмо демантираше дека сака да го купи Милан сопственикот на луксузниот моден бренд Луи Витон, Бернард Арнолд повторно се поврзува со „росонерите“.

Според италијански „Кориере дело Спорт“ сопственикот на Луи Витон, Бернард Арнолд повторно се пушти во преговори со фондот Елиот кој во овој момент е сопственик на Милан. Вториот најбогат човек во светот ваков обид имаше пред само неколку месеци, иако тие гласини тогаш ги демантираше.

Богатството на Французинот се проценува на 93 милијарди евра и според информации за италијанскиот гигант понудил 975 милиони евра.

Претходно Италијанците пишуваа дека доколку Арнолд го купи Милан на клупата ќе го доведе Масимилијано Алегри кој го освои последното Скудето на овој тим во 2011 година.