Ливерпул е во голема криза сезонава и тимот моментално се бори за пласман во Лигата на шампионите откако минатата сезона ја освоија титулата во Премиер лигата. Тимот на Јирген Клоп има 22 бода помалку од Манчестер Сити, кој е прв и кој има одиграно натпревар повеќе. Пред Ливерпул е напорен финиш на сезоната, а Клоп би можел веќе ова лето да направи големи промени во тимот.

На голот речиси сигурно останува Алисон Бекер, кој е меѓу најдобрите светски голмани, иако во моментов не е баш во најдобра форма. Пред него во дефанзивата сигурно место имаат Трент Александер Арнолд, Вирџил Ван Дајк и Енди Робертсон. Се очекува Ливерпул да тргне по нов стартен стопер. За да ги избегне проблемите од оваа сезона, Клоп најверојатно ќе тргне по Ибрахим Конате од Лајпциг, чија вредност се проценува на 35 милиони евра. Сигурно место во тимот ќе има и за Џо Гомез, кој исто како и Ван Дајк се мачи со повреди оваа сезона, па стоперскиот тандем во моментов е Фабињо и Џордан Хендерсон, кои се играчи од средниот ред.

Во средниот ред клубот ќе го задржи Тиаго Алкантара чии квалитети се неспорни и Клоп верува дека со тек на времето ќе игра се подобро. Шпанскиот фудбалер со своите настапи во Баерн Минхен покажа дека е светска класа.

Местата во средниот ред и понатаму се сигурни за Хендерсон и Фабињо, но се поизвесно е дека ќе замине Џини Вајналдум, кој би требало да се пресели во Барселона. Неговото место би можел да го заземе Пиотр Зиелински од Наполи. 26 годишниот Полјак и порано беше во радарот на Ливерпул, баш во периодот кога Ливерпул го донесе Вајналдум во 2016-та година.

Сега повторно се отвора можноста Ливерпул да тргне по него. Според Трансфермаркт, Зиелински чини 40 милиони евра. Со својот стил на игра кој го краси голема пожртвуваност и трчање, би можел одлично да се вклопи во Ливерпул.

Се претпоставува дека Ливерпул најзвучни промени би можел да доживее во нападот. Имено, Мохамед Салах е мета на Реал Мадрид, а ниту самиот тој не исклучува можност да ја промени средината. Тој во првиот дел од сезоната наводно се навредил што не ја добил капитенската лента во дуелот против Митјиланд од Лигата на шампионите, а за интересот од Реал веќе говореше и јавно.

„Тешко прашање. Можам да кажам дека се е во рацете на клубот и тие одлучуваат“– кажа тогаш Еѓипќанецот.

Ако Ливерпул го продаде Салах, тогаш дополнително би го зголемил својот буџет и би можел да трне кон фантастичниот Мбапе. Клоп порано со избрани зборови говореше за 22 годишниот Французин, кој сигурно би сакал да се проба во Премиер лигата.

Преостанатите две позиции многу веројатно ќе ги задржат Роберто Фирмино и Садио Мане.

Новиот Ливерпул би можел да изгледа вака: