Лидс со аргентинскиот стратег на клупата Марсело Биелса продолжува да воодушевува во англиската Премиерлига и по воведните 6 кола е третопласиран со скор од три победи, едно реми и два порази.

Премиерлигашот вчера со македонскиот репрезентативец Егзјан Алиоски од почеток до крај во составот, славеше над „непопедливата“ Астон Вила со 3-0.

За Биелса тоа беше 57 победа на клупата на Лидс, а откако Аргентинецот седна на клупата на клубот од Јоркшир во 2018 гдина, само Ливерпул и Манчестер сити во англискиот фудбал имаат повеќе победи од Лидс.

Ливерпиул со Клоп има 65, а Гвардиола со Сити има 60.