Ѕвездата на Атлетик Билбао Инаки Вилијамс од наредната сезона ќе настапува со својот брат кој потпиша со тимот од Баскија.

Никола Вилијамс е роден 2002 година и игра на позицијата напаѓач идентично како и неговиот постар брат. Оваа сезона тој беше дел од вториот тим на Билбао за кои постигна 14.погодоци пред да биде прекината сезоната поради Коронавирусот.