Група од 20 навивачи на Манчестер Јунајтед имаа „блиска средба“ со тренерот на екипата Оле Гунар Солскјер, тие се незадоволни што Норвежанецот му дава целосна поддршка на семејството Глејзер кои се сопственици на клубот.

Навивачите сака „очи во очи“ да му ги соопштат ставовите во врска газдата на Јунајтед, тие не го сакаат како сопственик и тоа гласно го потенцираа.

Реакцијата на навивачите доаѓа откако пропадна проектот Суперлига, пишува Мирор, тие најавуваат дека протестите ќе продолжат сè додека актуелниот сопственик не замине од клубот.

Солскјер имаше средба со навивачите, инцидентот го потврди и полицијата.

„Околу девет часот утринава, група навивачи пристапи во тренинг центарот. Менаџерот и другите членови на тимот разговараа со нив, а потоа навивачите ја напуштија локацијата“, соопшти Манчестер јунајтед.