Шведскиот милијардер, Даниел Ек изрази желба да го купи Арсенал, поради притисокот на навивачите врз управата на тој клуб и неговите сегашни сопственици.

Стен Кронке, шефот на групата „Kroenke Sports and Entertainment“ е мнозински сопственик на Арсенал од 2011 година.

Во претходните десет години, клубот претежно се наоѓаше на четвртото место во Премиер лигата, иако добро заработи.

Последните години тоа беше „тежок досаден сон“ и постојано четврто место, па кога беше објавено дека „Tопџиите“ ќе бидат еден од 12-те основачи на европската Супер лига, гневот на навивачите се зголеми уште повеќе.

Затоа тие со денови водат кампања против челниците на клубот од „Емирати“.

„Уште како дете, како што растев, сум навивач на Арсенал од кога знаев за себе. „Ако КСЕ би сакал да го продаде Арсенал, тогаш дефинитивно би сакал да ја фрлам капа во рингот“, рече Ек.

Швеѓанецот е мнозински сопственик на услугата „Спотифај“ за стриминг музика, а според Форбс, тој е „тежок“ со 4,7 милијарди долари.

Со оглед на тоа што Арсенал вреди околу 2,8 милијарди, Ек би имал пари да ја финансира својата идеја, а Кронке добро ќе заработи, бидејќи вредноста на клубот скокна за скоро 30% во последните години.

Да потсетиме, Кронке и неговата група, меѓу другото, се сопственици на Денвер Нагетс и Колорадо Евеленч.