Според медиумите од Италија, Адријано Галијани и Силвио Берлускони кои се дел од раководството на Монца, ќе го убедуваат Горан Пандев да не се пензионира и и да ја продлжи кариереата во Италија.

Адријано Галијани и Силвио Берлускони го сакаат Пандев во Монца, потребен им е искусен играч со кој сакаат да обезбедат пласман во Серија А.

Пандев најави во неколку наврати дека најверојатно по ЕУРО нема да ја продолжи професионалната кариера.