Маурисио Покетино  не е задоволен од својот ангажман во ПСЖ само десет месеци откако го презеде францускиот великан. Аргентинскиот стручњак се споменува во најсериозните комбинации како нов тренер на Манчестер Јунајтед, откако Ралф Рангник ќе ја има улогата на привремен тренер.

ПСЖ не сака да го пушти Покетино се додека нема сигурна резервна опција. Најчесто се споменуваше името на Зинедин Зидан, но францускиот стручњак наводно не сака да го преземе тимот на средина од сезоната. Сепак, еден извор сугерира дека Зидан во ПСЖ е решена работа.

Калид бин Хамад бин Калифа Ал Тани, брат на катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани, кој е сопственик на ПСЖ, објави порака на својот Твитер:

„Се е договорено. Наскоро официјална потврда. Добредојдовте Зизу“.

 

Во подоцнежна објава тој објави фотографија од Зидан и им посака добра ноќ на своите придружници. Сè уште не е познато дали шеикот само се шегувал, но ова е многу веродостоен извор. Тој минатото лето прв објави дека Лионел Меси ќе пристигне во Париз.