Домаќинот Бразил е првиот финалист на Копа Америка откако во полуфиналето со 2-0 ја совлада Аргентина на „Минеирао“ во Бело Хоризонте .

Жезус и Фирмињо  му донесоа 20. финале на Бразил  на ова престижно континетално натпреварување. Последен пат „кариоките“ играа во финалето во 2007 година  и победија против Аргентина со 3-0 во Венецуела.