Парма на „Енио Тардини“ го пречекува Јувентус во 1 коло од новата сезона во Серија А.

Во составот од домаќините нема поголеми изненадувања, Швеѓанецот со македонски корени Дејан Кулушевски заедно со ветеранот Жервињо и Инглесе го предводат нападот на „млекарите“.

 

Бранителот на титулата во Италија, ќе почне со Игуаин, Коста и Роналдо во нападот, на клупата остана Дибала како и легендата на клубот Буфон.