Џанлуиџи Буфон, еден од најголемите голмани на исте времиња, по една сезона мината во ПСЖ, се врати во клубот во кој помина 17 години.

Утринава тој се појави во Јувентус на медицински прегледи, каде обожавателите го дочекаа со аплаузи и скандирања, а легендарниот Џиџи им подели автограми.

По медицинските прегледи, тој ќе потпише едногодишен договор со клубот, за што ќе добие 1,5 милиони долари.

По завршување на договорот, ќе стави крај на кариерата и ќе биде еден од директорите на клубот.