Натпреварот во Софија меѓу Бугарија и Англија кој заврши со победа на гостите од 6-0, беше на два пати прекинуван поради расизам и нацистички поздрави.

Првиот прекин се случи во 28 минута при водство на Англија со 2-0 на „Васил Левски“ стадионот, Тајрон Мингс го потсети судијатаод Хрватска Иван Бебек дека од трибините доаѓаат расистички пораки и нацистичкки поздрав.

Пред крајот на првото полувреме повторно дојде до прекин, по консулатација меѓу судијата Бебек и селекторот на Англија, Герет Саутгејт натпреварот продолжи.

Англичаните се згрозени од расистичкото однесување на навивачите од Бугарија, ова е „дувло на фашисти и расисти“.