Бундеслигата може да се пофали дека ги има тројцата најдобри стрелци во Европа, кои сезонава во сите натпреварувања веќе постигнаа 101 гол.

Роберт Левандовски (Баерн), Тимо Вернер (Лајпциг) и Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд) не запираатниту во првенството, нити во Купот, па ниту во Лигата на шампионите.

Чудото од фудбалер, 19-годишниот Ерлинг Халанд оваа сезона одигра 29 натпревари во дресовите на Салцбург и на Борусија Дортмунд и постигна дури 39 голови, на кои им додаде и 8 асистенции.

Левандовски на 31-годишна возраст стана машина за голови, која на 31 натпревар во сите натпреварувања постигна 36 гола комбинирани со 3 асистенции.

Тимо Вернер на 32 средби одиграни за Лајпциг во сите натпреварувања постигна 26 гола, а запиша и 10 асистенции.