Прволигашат Ренова  се соочува со големи проблеми, откако по извршените тестови е утврдено дека неколку членови од тимот се позитивни на КОВИД-19.

Од таборот на „гипсарите“ објавија соопштение,на кое ги открија  следните чекори на клубот.

 

Сите фудбалери и членови на стручниот штаб, администрацијата и луѓето кои беа во контакт со инфицираните заминаа во 14-дневен карантин, а имињата на позитивните лица ќе бидат наскоро објавени.

Ваквата одлука на тетовчани го доведува во прашање продолжението од сезоната во ПМФЛ, кое требаше да започне од 14. до 21. јуни.