Турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу од следната сезона ќе настапува во дресот на големиот ривал на својот досегашен клуб, тој дресот на Милан ќе смени со оној на Интер.

Причината е милион евра разликата во понудата за годишна плата. Односно Милан му нудеше 4 милиони, а Интер му ги даде бараните пет.

Во меѓувреме и Интер објави фотографија која навивачите на Милан ја сфатија како провокација. На фотографијата се наоѓа мостот Навиљија, кој Чалханоглу ќе треба да го мине од едниот во другиот дел од градот.