Томас Тухел дал „наредба“ да се обезбеди потписот на Матијс Де Лихт од Јувентус, Челси ќе ја активира откупната клаузула, и ќе плати 150 милиони евра, тврди „Дејли Меил“.

Де Лихт има договор со Јувентус кој е важечки до 2024 година, откупна клаузула изнесува 150 милиони евра, а Челси е подготвен да ја плати.

Како што тврди „Дејли Меил“, трансферот на Де Лихт  завис и од Антонио Ридигер, односно дали германскиот репрезентативец ќе потпише нов договор или на крајот од сезоната ќе си замине.