Челзи го потврди трансферот на играчот за врска на Ајакс, Хаким Зиеш,

Договорот е потпишан со рок од 5 години, а износот на трансферот е 40 милиони евра, кој со различни бонуси ќе се изкачи на 44 милиони евра.

„Среќен сум и горд што потпишав за еден толку голем клуб каков што е Челзи. Со нетрпение ја чекам следната сезона и се надевам дека заедно со клубот ќе постигнеме многу успеси“, изјави Зиеш.

26-годишниот Мароканец официјално ќе стане дел од Челзи ова лето.