Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година во вторник против Фарски Острови ќе се обиде да им се врати на победите во евроквалификациите во групата шест.

По поразот во Шпанија од 3:0, избраниците на Благоја Милевски ги очекува нешто полесен предизвик, дуел со репрезентацијата која на четири натпревари во овој евроквалификациски циклус прими 16 а постигна само три гола.

Нашите млади надежи се во Торшавн и ги одработуваат предвидените подготовки за дуелот во вторник.



Во Скопје, Македонија ги победи Фарски Острови со 7:1.