Келн ги одработува подготовките во Кицбил, до почетокот на сезоната во Бинделсигата остануваат уште  три недели, прв противник на „јарците“ е  Волфсбург.

За време на подготовките во Кицбил има време за искачување по карпи, возење велосипед. Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов е дел од првиот тим на Келн, работи посветено да се наметне за стартот на сезоната.

Келн вечерва се среќава со Болоња, пријатеслки натпревар од 18 часот, тоа е нова шанса за Чурлинов да постигне нови голови, досега четири пати се запиша во листата на стрелците во рамки на подготовките.