Дарко Чурлинов одигра одлично на подготовките за Келн летово, за жал не настапи на првиот официјален меч за „јарците“ а тоа ги изнервира навивачите на клубот.

Келн едвај го елиминира Вин Вајсбаден во Купот на Германија и тоа по изведувањето на пеналите,средбата заврши нерешено 2-2 по 90 минути, во двете продолженија по еден гол за 3-3 и пенал рулет во кој „јарците“ славеа со конечни 6-5.

Сега Келн го очекува натпревар со Волфсбург во сабота на гости, се очекува повик за Дарко Чурлинов и можеби настап дебитантски во Бундеслигата на 19 години колку што во моментов има македонскиот репрезентативец.

Во меѓувреме Чурлинов тренира посветено кај Келн и привлекува внимание со потезите, денеска на програмата „рагби“ на тренингот со првиот тим.

ФОТО: