Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов повторно е во стартниот тим на Шалке 04 за денешниот натпревар со Карлсруе.

Македонскиот репрезентативец пред еден месец , се пресели на позајмица во редовите на Шалке 04 од екипата на Штудгард , каде неможеше да дојде до стандардни игри и константност , но затоа од преминот во тимот од Гелзенкирхен има само позитивни вести.

Шалке не ја започна сезоната како што посакуваа неговите навивачи , односно во првите 5 кола има 2 порази , една нерешена средба и само две победи , па се надеваме дека со помош на нашиот Дарко Чурлинов вечерва ќе забележат уште една победа.