Дарко Чурлинов пред една седмица го скрши носот на тренинг кај својот Штутгарт, по операцијата се врати на тренинг.

Македонскиот репрезентативец има маска на лицето со која работеше на тренингот по враќањето од операцијата, Чурлинов ќе се обиде да се наметне и да настапи веќе викендов против Шалке на домашен терен.