Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Одион Игало ќе го продолжи престојот на „Олд Трафорд“ до 2021.година, како позајмен фудбалер од кинески Шангај Шенхуј.

Игало во Јунајтед простигна во јануари оваа година и пред суспензијата од Коронавирусот постигна четири погодоци на осум натрпевари.

Игало во Манчестер можеше да остане исклучиво доколку му бепе откупен договорот, но поради можноста тој да не се врати во Кина на почетокот од новата сезона, во Шангај се согласија да ја продолжат позајмицата.