Скоро сите екипи во ПМФЛ започнаа со тренинзи, откако е донесена одлука првенството во Првата лига на Македонија да продолжи, а лидерот на табелтата Вардар е последен во низата клубови кои ги запалија „моторите“.

„Црвено-црните“ почитувајќи ги сите мерки и препораки, своите тренинзи ги одработува на тренинг центарот во населбата Хиподром. Тренерот Александар Васоски за пролетниот дел од сезоната во стручниот штаб доби засилувања во имињата на поранешните фудбалер Филип Ивановски, Никола Глигоров и Филип Спасески.

Во исчекување на одлуката за точниот датум за почеток на натпреварите, Вардарци ќе продолжат да ги одработуваат тренинзите, со цел подобро да се подготват за продолжување на сезоната.