Глазгов Ренџерс е нов шампион на Шкотска. Протестантскиот клуб од Глазгов ја освои 55-тата тиула после десет години чекање и исфрлување во четврта лига во 2012 година.

Со оглед на околностите, нема сомнеж дека дека ова е една од најголемите и највредните титули во историјата на клубот, а навивачите прославија на најдобар можен начин, со провокација за ривалот Селтик, кој е католичкиот клуб од Глазгов.

Имено, Ренџерс својот дел од работата ова коло го завршија уште вчера, кога го победија Сент Мирен. За потврда на титулата им требаше кикс на Селтик кај Данди. За таа цел навивачите најмиле мал авионт кој за време на мечот надлетуваше над стадионот со јасно истакната порака:

„Не гледате ли сега #55“– пишуваше на пораката.

Селтик одигра само 0:0 и му го препушти престолот на најголемиот ривал, по освојувањето на девет титули во низа.