Најмладиот дебитант во македонската фудбалска репрезентација Дарко Чурлинов дебитираше денеска во најсилната германска Бундеслига, откако влезе во игра на мечот против Волфсбург во 70 минута од мечот и ги доби последните 20 минути од натпреварот.На крајот Волфсбург триумфираше со 2-1.

Чурлинов е дел од првиот тим на Келн,а беше еден од најдобрите младинци, прв стрелец на тимот и летово доби шанса да се наметне и да се избори место во сениорскиот тим на бундеслигашот.

Ова е голем момент за младиот македонски фудбалер кој има 19 години и е иднината на македонскио фудбал.