Дарко Чурлинов е повикан на главниот дел од подготовките на Келн пред стартот на сезоната во Бундеслигата, со ова многу извесно е дека ќе добие шанса на 19 години да настапи во најсилната лига во Германија а со тоа и прв професионален договор.

Ова е големо признание за нашиот репрезентативец кој игра одлично во првиот дел од подготовките,Чурлинов постигна четири гола, еден хет-трик и се наметна кај тренерот на „јарците“  Ахим Бајерлорцер.

Келн ќе оди на подготовки во Кицбил , ќе се задржи од 23-29 јули, потоа следуваат пријателски средби со Болоња на 26. јули, со Виљареал на 29. јули и главната контрола ќе ја има против Саутемптон на 3. август во Англија.

Сезоната во Германија започнува на 17. август , Келн во првото коло се среќава со Волфсбург на гости.