Најмладиот дебитант во историјата на македонската сениорска фудбалска репрезентација Дарко Чурлинов  и член на германскиот фудбалски клуб Келн ги започна подготовките за новата сезона.

Дарко Чурлинов ќе биде дел од подготовките на првиот тим на Келн кои ги стартуваа во пресрет на новата сезона во Бундеслигата.

Чурлинов со тоа ќе добие шанса да конкурира  за првата екипа на Келн во германската Бундеслига 1,  досега играше за тимот до 19 години на овој бундеслигаш, доби повик за сениорскиот тим на Келн со кого има шанса за настап во најсилната фудбалска конкуренција на Германија.