Македонскиот репрезентативец , и нов член на Шалке 04 Дарко Чурлинов , вечерва од првата минута ќе го започне натпреварот на својот тим против екипата на Фортуна Дизелдорф во рамиките на 5 коло од Германската 2 Цвајте Лига.

Македонскиот репрезентативец пред 10тина дена , се пресели на позајмица во редовите на Шалке 04 од екипата на Штудгард , каде неможеше да дојде до стандардни игри и константност , но затоа од преминот во тимот од Гелзенкирхен има само позитивни вести.

Чурлинов во првиот меч беше асистент за Шалке во поразот на неговиот тим од 4-1 против Регензбург.

Шалке не ја започна сезоната како што посакуваа неговите навивачи , односно во првите 4 кола има 2 порази , една нерешена средба и само една победа , па се надеваме дека со помош на нашиот Дарко Чурлинов вечерва ќе забележат уште една победа.