Сајтот Spotrac.com ги обелодени имињата на фудбалерите со највисоки плати во Премиер лигата.

Најбогат играч е голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геја, кој заработува 19,5 милиони фунти годишно или 23 милиони евра.

Во првите десет со највисоки примања се четворица фудбалери на Манчестер Јунајтед, тројца се од Манчестер Сити и по еден од Арсенал, Тотенхем, Ливерпул и од Челзи.

Ливерпул на оваа листа има само еден фудбалер во топ 10 најплатени играчи, што само докажува дека има ефикасна кадровска политика, токму тоа што му недостасува на Манчестер Јунајтед.