Арсенал им даде дозвола на пет фудбалери да тренираат во тренинг центарот на клубот, но секој ќе мора тоа да го прави самостојно како не би имало шанси да се прошири Коронавирусот.

Клубот минатата седмица објави дека од денеска  дел од фудбалерите ќе им се вратат на своите обврски и тренинг центарот во Лондон Колни повторно е во функција по средината на март.

Првите што пристигнаа се Хектор Бељарин, Дани Зебалос, Давид Луиз, Емилијано Мартинез и Седрик Соарес, а новинарите ги забележаа како излегуваат од своите автомобили.