Фудбалерот на Тотенхем Деле Али е казнет со еден натпревар неиграње и со 50.000 фунти, бидејќи во февруари се пошегува на сметка на Коронавирусот.

Фудбалскиот сојуз на Англија остро го казни Англискиот репрезентативец, бидејќи на друштвената мрежа „Снепчет“ им се потсмеваше на Азијатите кои беа први погодени од КОВИД-19.

Ова значи дека Мурињо нема да може да смета на Али за мечот против Манчестер Јунајтед на 19.јуни во рамки на Премиерлига.