Мерих Демирал е најновото летно засилување на Јувентус. Централниот бек доаѓа од редовите на Сасуоло за сума од 18 милиони евра.

Од Јувентус потврдија дека репрезентативецот на Турција потпишал пет годишен договор. Со ова дополнително се зголемуваат шпекулаците околу иднината на Бонучи во редовите на „Старата Дама“.