Македонскиот репрезентативен голман, Дејан Илиев имаше солиден настап во дресот на Серед на првенствениот натпревар од 3 коло од првата лига на Словачка со Дунајска Стреда.

Екипата која ја предводи Славче Војневски победи со 3:1 а нашиот голман кој е на позајмица од Арсенал во Серед ги одигра сите 90 минути. Оваа фотографија од интервенцијата на Илиев секако заслужува посебно внимание.

Серед на стартот од новата сезона во Словачка има скор од две победи и еден пораз и се наоѓа на петото место на табелата.