Македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев ја комплетираше преселбата во Словачки СКЕ Серед.

Голманот на Арсенал ќе биде позајмен на една сезона но според договорот, „топџиите“ ќе можат да го вратат во своите редови и по шест месеци.  Серед во новата сезона ќе влезе со нов тренер, македонскиот фудбалски стратег Славчо Војнески.

Според островските медиумите, Илиев не бил во план за прекомандување во првиот тим во новата сезона на Арсенал и поради ова одлучил да ја прифати понудата од Серед.