Фудбалерите на колумбиски Милионариос славеа во дербито на Колумбија против Меделин со 2-1, резултат кој навивачите на Меделин тешко го поднесоа. Меделин е познат како престолнина на поранешниот наркобос Пабло Ескобар по кој е снимана и Наркос серијата.

Милионариос до победата стигна во 93 минута, а од трибините долета нож кон стрелецот Давид Мекалистер. За среќа ножот падна до фудбалерот на Милионариос и беше избегната трагедија.

Ова не е прв пат вакви нешта да се видат во Меделин, откако минатата сезона дојде до пресметка меѓу навивачите на Меделин и градскиот ривал Атлетико Национал.