Судот за спортска арбитража ја отфрли жалбата на албанскиот фудбалски клуб Скендербег, за која УЕФА го казни клубот со десетгодишна суспензија за настапи во европските купови.

Тимот е казнет и со милион евра поради местење натпревари.

„Врз основа на доставените докази, повисокиот Арбитражен суд заклучи дека Скендербег е одговорен за метење натпревари, а одлуката на Дисциплинската комисија на УЕФА е одмерена и исправна. Следствено на тоа, жалбата се одбива.“ – се наведува во одлуката.