Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп го објави списокот од 26 играчи со кои ќе атакува на титулата европски првак.

Дешамп се реши во составот да го врати Карим Бензема кој игра во Реал Мадрид, а во ставот на „триколорите“ се враќа по пауза од шест години кога буквално беше набркан по скандалот со Валбуена.

Голмани: Хуго Лорис, Стив Манданда, Мајк Мањан

Одбрана: Бенџамин Павар, Рафаел Варан, Леао Дубои, Преснел Кимпембе, Курт Зума, Жуле Кунде, Лукас Ернандез, Лукас Дињ, Клемен Ленгле

Среден ред: Пол Погба, Нголо Канте, Адриен Рабио, Муса Сисоко, Толисо, Лемар

Напад: Карим Бензема, Килијан Мбапе, Антоан Гризман, Кингсли Коман, Маркус Турам, Оливие Жиру, Висам Бен Једер, Осман Дембеле.

Франција е дел од  групата Д, во која се уште и селекциите на  Унгарија, Португалија и Германија. Напоследниот континетален собир  во финалето од Португалија.