Едно од децата кои со фудбалерите излегоа на терен, на средбата меѓу Арсенал и Олимпијакос во Лига Европа, по интонацијата на химните не се снајде и не го напушти теренот заедно со другите деца.

Фудбалерите на Арсенал ја приметија негова збунетост па го поканија на заедничка слика.

Па така, неговата збунетост го направи славен.