Како што јавува „Б92“ од Белград, една девојка колабирала чекајќи ред за влезница за реванш натпреварот меѓу Црвена Звезда и Јанг Бојс во плеј-офот за Лигата на шампионите.

Првакот на Србија ги пушти влезниците за реванш натпреварот, огромна колона на навивачи чекаат ред за скапоценото парче хартија, Црвена Звезда ја делат 90 минути од пласман во групната фаза во ЛШ,првиот меч заврши 2-2.

Девојката за среќа брзо станала и нема сериозни здраствени последици, за билет се чека и до два часа, продажбата започна во 10-00 часот, реваношот меѓу Црвена Звезда  и Јанг Бојс се игра во вторник.