Aталанта за еден час против Валенсија ќе го има своето деби во нокаут фазата од Лигата на шампиони. Гостите за овој меч имаат огромни проблеми со повредени фудбалери, а најголема загуба е отсуството на столбот на одбраната Габриел Паулиста, кој поради картони не е во конкуренција за вечерашниот дуел. Неговото место ќе го завеме Диакаби.

Кај домаќините она што е интересно е изоставувањето и на Муриел и на Запата, кои најчесто барем еден од нив се наоѓа во напаѓачката линија на тимот од Бергамо.